12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на Волстрит на почетокот на годината

Остар пад на Волстрит на почетокот на годината

wallstreet 003

Цените на акциите на Волстрит во понеделникот, првиот работен ден во годината остро паднаа бидејќи лошите показатели од Кина предизвикаа стравување дека ќе дојде до забавување на растот на светската економија.

Dow Jones ослабна 276 поени, или 1,58 отсто, на 17.148 поени, додека S&P 500 се намали за 1,53 отсто, на 2.012 поени, а Nasdaq падна за 2,08 отсто, на 4.903.

На продажба на инвеститорите го наведе новите сигнали за забавување на растот на кинеската економија, откако индексот на производни активности во Кина во декември падна 10-ти месец по ред, и тоа за 48,6 на 48,2 поени, значително под очекувањата на аналитичарите и длабоко под нивото од 50 поени, која го дели растот од падот на активностите.

Тоа покажува дека надежите за пресврт на трендовите во втората по големина на светската економија се преуранети, па аналитичарите оваа година очекува забавување на растот на кинескиот бруто домашен производи на 6,5 отсто.

Поради тоа вчера остро паднаа акциите на азиските берзи, додека тргувањето на берзата во Шангај беше прекинато бидејќи цените на акциите паднаа за 7 отсто.

Инвеститорите ги загрижи и кинеската централна банка, која фиксираше курсот на јуанот кон доларот на најниско ниво за четири ипол години.

Минатата година јуанот ослабна рекордни 4,7 отсто, а можноста од натамошно слабеење на кинеската валута, што властите би можеле да го сторат за да поттикнат извоз, е една од причината која им се заканува на берзите цела година, велат аналитичарите.

Инвеститорите се поколебаа поради сигналите за слабоста на американската економија. Вчера беше објавено дека ISM на фабричките активности во САД во декември се намали од 48,6 на 48,2 поени, најниско ниво од половината на 2009 година.

Ова, меѓу другото, е последица на намалената потрошувачка на нафтените компании поради падот на цената на нафтата, но и високиот курс на доларот, што им нанесува штета на американските извозници и предизвикува пад на новите нарачки.

Покрај тоа, вчера беше објавено дека за прв пат во годината во ноември паднаа инвестициите во градежниот сектор, што исто така укажува на забавување на растот на американската економија во последниот квартал од минатата година.

И на европските берзи цените на акциите остро паднаа. Лондонски FTSE индекс се намали за 2,39 отсто, на 6,093 поени, додека франкфуртски DAX потона за 4,28 отсто, на 10.283 поени, а париски CAC 2,47 отсто, на 4.522 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП