28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОва го можат сите: Како да се збогатите од апликација за мобилен...

Ова го можат сите: Како да се збогатите од апликација за мобилен телефон?

app1

Седумнаесет годишниот Ник Алоисио претходната недела беше дел од ударните вести во светот. Ова момче ја продаде својата апликација за 18 милиони фунти на технолошкиот гигант Yahoo.

Многумина имаат идеја за апликација, но како идејата да ја претворите во реалност? Ви претставуваме мал водич во пет чекори кој може да ви помогне да создадете апликација.

Ништо без идеја

Првиот чекор е идејата. Треба веднаш да размислите дали вашата идеја е квалитетна или не. Потоа дознајте дали постои веќе таква апликација. Прашајте ги луѓето околу вас дали таа апликација би им користела за нешто и дали би сакале во иднина да ја користат. Успешните апликации или се ужасно забавни или решаваат некој проблем.

Информирајте се

Разговарајте со некој кој претходно има направено апликација, побарајте совет за целиот процес, научете нешто од неговите грешки. Исто така, мора да дознаете дали вашата апликација е лесна за изработка, ако е тоа така, тогаш вие сте на вистинскиот пат.

Соберете пари

Третиот чекор е собирањето пари. Повеќето вакви работи започнуваат најчесто од пари кои се собрани од роднини и пријатели. Ако немате ваков извор земете некој минимален кредит за кој подоцна ќе бидете во можност да го враќате.

Најчувствителната фаза

Четвртиот чекор е најпроблематичен, а се однесува на изработка на самата апликација. Бидете паметни и најдете одличен програмер, програмерите се често барана работна сила, која доста високо ја наплаќа својата работна рака.

Маркетинг

Петтиот чекор е маркетинг. Бомбардирајте ги пријателите на социјалните мрежи, објавете видео во кое објаснувате зошто вашата апликација е нешто посебно, претставете ја апликацијата максимално професионално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП