10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдобрите и најлошите активи во 2015-та

Најдобрите и најлошите активи во 2015-та

Arrangement of various world currencies including Chinese Yuan, Japanese Yen, US Dollar, Euro, British Pound, Swiss Franc and pictured in Warsaw

Изминатата година беше исклучителна за финансиските пазари. Еве кои беа најдобрите и најлошите средства за вршење во неа, според податоците на финансиското издание „Bloomberg“:

Валутите

aktivi 00

Сомалискиот шилинг регистрираше добар поврат во текот на изминатата година од над 15%, па тоа беше најдобро претставуваната валута на светски план. Сејшелската рупија е втората која најмногу поскапе во светот со зголемување од скоро 10%. Не сите егзотични валути сепак се претставија така добро, затоа што азербејџанскиот манат падна на 20-годишен минимум, откако централната банка на земјата се откажа од контролата на својата валута и таа поевтини за околу 50% во 2015-та година.

Берзански индекси

aktivi 01

Берзата во Јамајка била добро место за инвеститорите во изминатата година. Главниот берзански индекс на земјата е зголемен за над 80%. Најголем губитник беше украинскиот пазар, чиј водечки берзански индикатор изгуби 56% од својата вредност во текот на изминатата година.

Суровини

aktivi 02

Општо земено 2015-та година беше ужасна за суровините, особено за енергетските. Нафтата загуби над 30% од својата вредност, а слични загуби регистрираа уште платината и паладиум кај овој вид на метали. Златото постигна слаба загуба од само 10%. Меѓу ретките суровини на позитивна територија во 2015-та година беа шеќерот и памукот, а поскапувањето им беше во рамките на околу 5%.

Обврзници

aktivi 03

Фондовскиот пазар во Украина може да се прогласи дека се претстави најлошо во текот на изминатата година, но обврзниците во земјата беа меѓу оние кои најмногу поскапеа во својата класа. Ова се случи по договорот за реструктуирање на долгот, а тоа доведе до поскапување на државните обврзници за околу 50%. На спротивниот фронт, со загуби од над 20%, се одликуваат бразилските државни обврзници, што во голема мера не е изненадување, со оглед на корупциските скандали во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП