30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПетмината најбогати вчера загубија речиси 9 милијарди долари

Петмината најбогати вчера загубија речиси 9 милијарди долари

bogati

Распродажбата на светските берзи донесе за некои поголеми загуби, отколку за другите. Меѓу повеќето губитници беа најбогатите луѓе во светот.

Вчера петмината најбогати во светот загубија 8,7 милијарди долари од распродажби, станаа јасно по стравувањата за состојбата на Кина и конфликтот меѓу Саудиска Арабија и Иран.

Основачот на „Amazon.com“ – Џеф Безос, кој во изминатата година беше човекот кој во најголема мера го имаше зголемено богатството, регистрира загуба од 3,7 милијарди долари. Неговата состојба веќе изнесува 56 милијарди долари. Ова се случи откако акциите на најголемиот онлајн трговец во светот поевтинија за 5.6%.

Богатството на Шпанецот Амансио Ортега се намали за 2,5 милијарди долари и сега изнесува 70.4 милијарди долари. Акциите на „Inditex“, компанијата сопственик на брендовите, како „Zara“ и „Bershka“, загубија 3,5% од својата вредност.

Намалувања на акциите забележаа и компаниите кои се во сопственост на Бил Гејтс, Ворен Бафет и Карлос Слим. Вкупната загуба е во износ од 2,5 милијарди долари.

Најголемиот профитер меѓу милијардерите беше активистот Карл Ајкан, чие богатство вчера се зголеми за 210.4 милиони или до 20.1 милијарди долари.

Вчера богатството на 400-те најбогати луѓе во светот се намали за над 82 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП