Сообраќајот на сите патишта во државата се одвива по влажни коловози, на кои има остатоци од кашест снег. Намалена видливост поради магла има на Страцин до 50 метра.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Според ДЦС МВР, по извршената контрола и увид на поставената патна сигнализација за времена измена на режим на сообраќа,ј заклучно со 28.12.2015 година, состојбата е следна: aвтoпат Велес – Куманово – сообраќајот се одвива по лентата за брзо возење, aвтопат Куманово – Велес – нема изменет режим, aвтопат Скопје – Куманово – сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента сé до приклучокот на автопат Велес -Куманово, aвтопат Тетово – Велес – запрена е сообраќајната лента за принудно запирање на возила, а сообраќајот се одвива по сообраќајни ленти за возење и лента за престигнување.