28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкромен почеток на Македонската берза во новата година

Скромен почеток на Македонската берза во новата година

mk berza

Македонската берза ја стартуваше новата година со скромен промет од 2,7 милиони денари на првиот трговски ден, при што индексот МБИ-10 имаше незначително намалување за 0,05 отсто.

На тргувањето во понеделникот ниту една друга хартија од вредност не оствари промет повисок од милион денари.

Во прометот доминираа акциите на „Комерцијална банка“ при што беа реализирани 501 акција по просечна цена од 2.343 денари и вкупна вредност од над милион денари.

Бројот на добитниците во однос на губитниците беше 6:5. Победник на денот беше акцијата на „Хотели Метропол Охрид“ со раст од над 11 отсто, а следуваше „Бетон“ Скопје и „Окта“ АД Скопје со пораст од 10 проценти. Губитник на денот, пак, беше акцијата на „Попова Кула“ АД, со пад на вредноста од 7,69 отсто.

Обврзниците во понеделникот изостанаа од дневните листи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП