26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена ликвидација на компании за недвижности на Островот

Зголемена ликвидација на компании за недвижности на Островот

london street 333

Брзината со која се ликвидираат компаниите за недвижности во Велика Британија, го достигна најбрзото темпо од пред шест години во 2015-та година.

Вкупно 346 компании за недвижности ја прекинале активноста во вториот квартал од 2015-та година – период за кој има податоци. Тоа е повеќе од четири пати во однос на истиот период од 2010-та година, покажуваат податоците на правната фирма „EMW“.

За годината до крајот на април 2015-та година, вкупно 1 307 компании за недвижности ги прекинале своите активности, покажува уште статистиката.

Бројот се зголемува постојано од 2010-та година поради последиците од финансиската криза и амбицијата на банките да повратат барем дел од загубите генерирани од кредитите поврзани со имот, кои биле издадени пред кризата, според директорот на адвокатската канцеларија, Џеф Вилис.

За време на рецесијата банките не сакале дополнително да се потисне цената на недвижностите, со цел да извадат средства од инсолвентните компании на пазарот. Тогаш тие не беа во можност да ги постигнат саканите цени при продажбата на проблематичните долгови.

Според Вилис зголемувањето на бројот на компаниите за имот кои се ликвидираат, се одразува на подобрувањето кај цените на недвижностите, а не е показател за проблеми на пазарот на недвижности.

Постепено доверителите се оттргнуваат и од проблематичните кредити поврзани со секторот на недвижности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП