16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден број вработени во Германија во 2015-та

Рекорден број вработени во Германија во 2015-та

agencija rabota germanija 33

Германија минатата година забележа најголем број на вработени од обединувањето во 1990-та година, благодарение на поволните состојби во економијата и приливот на странски работници, покажуваат податоците објавени денеска.

Минатата година во најголемата европска економија во просек беа вработени околу 43 милиони лица со престој во Германија. Со тоа нивниот број бележи пораст 12-та година по ред и тоа за 0,8 отсто во однос на претходната година, односно за 324 илјади.

Сепак, растот на бројот на вработените беше нешто послаб во 2014 година, кога беше зголемен за 0,9 отсто, покажуваат податоците на Destatis.

Зголемувањето на бројот на вработени се појаснува со засилени вклучување на германските граѓани во работната сила и приливот на странски работници, пред се од источноевропските држави, (Романија, Бугарија и Хрватска) како и од државите погодени со економска криза (Грција, Португалија, Шпанија).

Овие трендови ги неутрализираа неповолните демографски ефекти, напоменуваат од заводот за статистика.

Германија минатата година забележа рекорден прилив на мигранти, кои според пишувањето на еден весник достигнале 1,09 милиони.

Стапката на невработеноста во повеќе наврати минатата година бележеше најниски месечни нивоа од обединувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП