3 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот потрошил околу 90 милијарди долари за санирање на последиците од природни...

Светот потрошил околу 90 милијарди долари за санирање на последиците од природни катастрофи

natural_disaster

Светот потрошил околу 90 милијарди долари за санирање на последиците од природните катастрофи во 2015 година, што е најниска сума од 2009 година, соопшти германската осигурителна група Минхен Ре, во својот годишен извештај.

Многу тропски бури минатата година погодиле слабо населени подрачја, додека климатскиот феномен Ел Нињо на Северниот Атлантик служеше како ‘брана’ за големите невремиња, се наведува во извештајот на германската група, која од 90 милијарди долари дала 27 милијарди долари за санирање на штетите.

Најскапата и најсмртоносната природна катастрофа во 2015 беше земјотресот во Непал во април. Во тој потрес загинаа 9.000 луѓе и штетата е проценета на 4,8 милијарди долари.

Најмалку 23.000 лица страдаа во природни катастрофи минатата година, што е значително поголем број во однос на 2014 година, кога имало 7.700 жртви, но многу помалку од просекот во последните 30 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП