2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПонудата на Нокиа за Алкател-Лусент успешно заклучена

Понудата на Нокиа за Алкател-Лусент успешно заклучена

alcatel-lucent-nokia

Францускиот регулатор за финансиски пазари објави во понеделник дека понудата на финската телекомуникациска група Нокиа за преземање на француско-американскиот конкурент Алкател-Лусент е успешно завршена.

Нокиа сега поседува околу 76 отсто од акциите и гласачките права во Алкател, објави во прелиминарниот извештај француската регулаторна агенција АМФ, додавајќи дека со тоа е задоволен „минималниот услов“ на Нокиа за најмалку 50 отсто од акциите и гласачките права.

„Тоа значи дека понудата се реализира“, заклучуваат во АМФ, при тоа напомнувајќи дека конечниот извештај за преземањето ќе биде објавен најдоцна во вторник.

Финската компанија своевремено беше најголем производител на мобилни телефони во светот, а денеска се надеваат дека со спојувањето со Алкател-Лусент ќе ја обезбедат позицијата на водечки производител на мрежна опрема и понудувач на услуги во светот.

Аквизицијата ќе и овозможи на Нокиа ширење од сегментот на телекомуникациски во сегментот на интернет мрежи и услуги ‘во облак’ и ќе и обезбеди подобра позиција за натпревар со шведски Ериксон и кинескиот Хуавеј.

Споената група би требало да остварува годишни приходи од речиси 25 милијарди евра.

Акционерите на Нокиа ја одобрија понудата за Алкател-Лусент на почетокот на декември, а трансакцијата меѓу вработените во двете компании го зголеми стравот од отпуштања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП