10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкандинавските земји достигна рекорд во 2015-та година според инвестициите во бизнис имот

Скандинавските земји достигна рекорд во 2015-та година според инвестициите во бизнис имот

nordic-light_20

Обемот на трансакции со комерцијални недвижности на пазарот во скандинавскиот регион достигна рекордни 40 милијарди евра во 2015-та година, објави интернет изданието „property-magazine.eu“, повикувајќи се на податоци на консултантската компанија „Pangea Property Partners“.

Волуменот е повисок дури и од оној кој беше регистриран во периодот 2006-2007 година, кога беа постигнати претходните рекорди.

Што се однесува до одделните национални пазари, рекорди се забележани во Норвешка и Финска.

Консултантите посочуваат дека пазарот во регионот е на врвот, а купувачите се активни во сите сегменти, а кај многу од трансакциите се постигнати и рекордно високи цени, стои во извештајот на консултантската компанија.

Зголемувањето на инвестициите во комерцијални недвижности во скандинавските земји достигна 36 отсто на годишна основа во 2015-та година, покажуваат уште податоците. Најсилен раст е регистриран во Норвешка и Данска, каде обемот на трансакциите е двојно зголемен од минатата година.

Трета по големина е Финска – со 30 отсто. Во Шведска сепак е забележан благ пад, иако земјата ја задржува својата позиција на најголем пазар со вкупен волумен на трансакции од 15,5 милијарди евра.

Растот на инвестициите во комерцијални недвижности во скандинавските земји се определува главно од активноста на странските инвеститори. Прекуграничните трансакции сочинуваат малку над 35 отсто од вкупниот обем на трансакциите во 2015-та година – највисокиот дел од финансиската криза, па наваму.

Практично шест од десет трансакции се со меѓународен купувач, сметаат експертите.

Меѓународните инвеститори се привлечени од димензиите на пазарите во регионот и нивната ликвидност, сметаат експертите. Во последните години процентот на скандинавските пазари од заедничкиот европски достигнува 13-15%, но поради зголемениот интерес очекувањата се тој да се зголеми во текот на оваа година. Сегашната макроекономска ситуација поддржува инвестициската активност, а консултантите прогнозираат таа да се задржи околу рекордните нивоа и во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП