21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекинато тргување на берзата во Шангај, цените на акциите паднаа 7 отсто

Прекинато тргување на берзата во Шангај, цените на акциите паднаа 7 отсто

berza azija

Тргувањето на берзата во Шангај  во првиот работен ден од новата година, е прекинато откако цените на акциите потонаа за седум отсто поради лошите економски показатели и падот на јуанот.

Тргувањето на берзата прво беше автоматски сопрено, бидејќи цените на акциите паднаа 5 отсто. Ваквото автоматско сопирање на тргувањето воведено е неодамна по новиот систем кој би требало да спречи поголема нестабилност на пазарот.

Меѓутоа, со оглед дека во обновеното тргување продолжи падот на цената, регулаторните власти сосема го прекинаа тргувањето околу 90 минути пред официјалното затворање на берзата.

„Падот на цената на акциите ги наведе инвеститорите на продажба, а автоматскиот прекин на тргувањето се чини само ја зголеми паниката бидејќи ликвидноста ненадејно спласна. Вакво нешто досега не сме искусиле. Ова беше стампедо“, вели Гу Јонгтао, стратег во компанијата Cinda Securities.

Во Хонг Конг, пак, цената на акциите падна за 3 отсто.

Лошиот почеток на годината на кинеските берзи е последица на новите сигнали за забавување на растот на економијата. Според извештајот на компанијата Markit, индексот на производни активности во Кина падна во декември 10 месец по ред, од 48,6 на 48,2 поени, што е значително под очекувањата на аналитичарите.

„Поттикнувачките мерки на властите ги забавија негативните трендови, но Кина мора да ги врамнотежи потребите за поттикнувања со реалноста во која долговите растат. Тоа и во 2016-та година ќе го ограничува закрепнувањето на расот на економијата“, вели Рос Кестрик, директор во BlackRock.

Инвеститорите ги загрижи изутрината и тоа што кинеската централна банка го фиксираше курсот на јуанот кон доларот на најниско ниво за последните четири ипол години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП