6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриската активност во еврозоната со најголем раст по 20 месеци

Индустриската активност во еврозоната со најголем раст по 20 месеци

aktivnost 353

Производствената активност во еврозоната забележа најголем раст во декември во последниве 20 месеци, посочија објавените податоци.

Индексот „PMI“, кој ја надгледува активноста во секторот, се зголемил до 53.2 поени во однос на 52.8 поени, еден месец порано. Резултатот ги надмина просечните очекувања на аналитичарите за вредност од 53.1 поени.

За прв пат од април 2014-та година е регистрирана зголемена активност во сите земји на еврозоната, вклучувајќи и во Грција, покажува извештајот.

Податоците ги зголемија очекувањата дека еврозоната се развива со добро темпо, а во исто време ги намалија во одреден степен шпекулациите за нови агресивни стимулации од страна на ЕЦБ.

Еврото забележа зголемување, така што се тргува на ниво од 1.0930, наспроти нивото од под 1,09 рано утринава.

И покрај добрите резултати, европските индекси се тргуваа силно на негативната територија по загубите на азиските пазари и намалувањето во фјучерсите на државните индекси. Германскиот Dax се тргува со над 3% на негативна територија во својот прв работен ден во новата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП