7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрима Галуп: 51 процент од граѓаните на Македонија во 2015-та биле среќни,...

Брима Галуп: 51 процент од граѓаните на Македонија во 2015-та биле среќни, 34 отсто посакуваат подобра година

mak heroi 3434

Во Македонија 51 отсто од граѓаните во текот на 2015-та се чуствувале среќни, додека 34 проценти, пак, се надеваат дека 2016-та ќе биде подобра од 2015-та, а 25 отсто со оптимизам очекуваат дека новата година ќе биде година на економски просперитет, покажала глобалната студија на Брима Галуп насловена „Крајот на годината, барометар на надеж и среќа“.

Во Република Македонија 51 отсто од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат среќни, 11 проценти несреќни и 35 отсто ниту среќни ниту несреќни, а 2 отсто немаат одговор. Индексот на нето среќа во Македонија изнесува +40 отсто и е понизок за 16 проценти од глобалниот просек.

Во регионот како и во Македонија нето среќата е со позитивен предзнак но во целиот регион е пониска од глобалниот просек. Повисок е скорот на нето среќата во Косово (+49 отсто) од Македонија и Словенија (+48 процнети). Практично скоро еднаков е со Босна и Херцеговина (+41 отсто) и Србија (+43 отсто), а скорот на нето среќата е значително понизок во Бугарија (+30 проценти) многу понизок во Грција (+9 проценти), отколку во Македонија.

По прашањето „Што се однесува до Вас, дали сметате дека 2016-та година ќе биде подобра или полоша од 2015-та година”, во Македонија 34 отсто од испитаниците се со надеж дека 2016-ти ќе биде подобра, наспроти 25 проценти кои го сметаат дека ќе биде полоша и 36% дека ќе биде иста а 5 отсто немаат одреден одговор. Индексот на нето надеж во Македонија изнесува +9 проценти и е помал за 29 отсто од глобалниот просек.

Во регионот нето скорот на надежта дека 2016-та година ќе биде подобра од 2015-та е со позитивен предзнак освен во Македонија и на Косово (+24 проценти), а во сите останати земји од регионот е со негативен предзнак: Грција (-28 отсто), Босна и Херцеговина (-23 проценти), Словенија (-6 отсто), Србија (-3 проценти) и Бугарија (-1 процент).

Во однос на економскиот просперитет во 2016-та година, 30 отсто од граѓаните на Македонија сметаат дека ќе се влоши, 25 отсто дека ќе се подобри, 38 проценти сметаат дека ќе остане непроменет, а 7 отсто немаат одреден одговор. Индексот на нето економски оптимизам во Македонија е со негативен предзнак и изнесува -5 отсто. И во однос на глобалниот просек апсолутната разлика изнесува 28 проценти.

Во регионот само во Косово нето скорот на економскиот оптимизам е со позитивен предзнак (+12 отсто) а во сите останати земји како и во Македонија е со негативен предзнак и тоа : Грција (-65 отсто), Босна и Херцеговина (-34 отсто), Србија (- 17 проценти) и во Словенија и Бугарија со по (-11 проценти).

Промените на барометарот во Република Македонија покажуваат дека надежите за 2015-та година биле помалку присутни, кога нето скорот на надежта изнесувал +5 отсто, а сега надежите дека 2016-та година ќе биде биде подобра од 2015-та пораснале на +9 отсто. Во исто време индексот на економскиот оптимизам за 2016 се намалил од негативните – 12 проценти, колку што изнесувал во 2015-та, на -5 отсто во 2016 година, но и покрај тоа сеуште е со негативен предзнак. Барометарот на среќата во Македонија истотака бележи пад на нето скорот на среќата од +43 проценти во 2014-та на +40 отсто во текот на 2015-та година.

Барометарот на надежта и среќата на WIN / Gallup International на крајот на 2015-та година покажува дека во просек 66 отсто граѓани на светот во текот на годината се чуствувале среќни, 54 проценти се надеваат дека 2016-та година ќе биде подобра од 2015-та година и 45 проценти со оптимизам очекуваат дека 2016-та ќе биде година на економски просперитет.

Во 2015-та година најсреќна земја во светот е Колумбија +85 отсто нето среќа, за разлика од најнесреќната земја Ирак, со -12 проценти нето среќа. Резултатите од истражувањето покажуваат дека според верата на анкетираните чувството на среќа е најприсутно кај атеистите и агностиците (+75 отсто скор на нето среќа ), потоа следат хиндусите (+65 проценти), муслиманите и будистите со нето скор од +57 проценти за обете, католиците (+56 отсто), протестантите (+52 отсто) и православните христијани со нето скор од +48 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП