3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонечно заврна снег во француските Алпи

Конечно заврна снег во француските Алпи

sneg apli 353

По разочарувачкиот почеток на ски сезоната во француските Алпи, конечно заврна снег. Тој беше пречекан со радост во алпските летувалишта по невообичаеното топло време во последните недели.

Според синоптичарите до крајот на неделава се очекува снежната покривка на повисоките места да достигне еден метар. Добрата вест доаѓа премногу доцна за илјадници британски туристи, кои се жалат дека одморот им пропаднал, пишува весникот „Телеграф“. Поради недостигот на снег по празниците многу од патеките останаа затворени.

Некои летувалишта дури беа принудени да пренесуваат снег со хеликоптери од повисоките места, иако еколозите протестираа против тоа. Зачестија и инцидентите поради зголемениот број скијачи на неколкуте отворени патеки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП