4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФрлени 280 тони сол на градските улици и булевари

Фрлени 280 тони сол на градските улици и булевари

zimska sluzba 353

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие фрлија 280 тони сол за расчистување на снегот од градските улици и булевари.

Во понеделник екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат  мразот од тротоарите, а екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ги чистат шахтите и сливниците. Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Од Град Скопје потсетуваат дека во нивна надлежност се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Од Град Скопје апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП