4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТешка година за банките во Централна и Источна Европа

Тешка година за банките во Централна и Источна Европа

standard1

Тешка година ги очекува банките од Централна и Источна Европа, додека меѓу најслабите се тие во Унгарија, Словенија, Бугарија и Хрватска, покажува истражувањето објавено вчера на рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“.

– Банките во регионот најверојатно ќе продолжат да страдаат од високо ниво на лоши заеми и загуби по кредити, мала побарувачка за кредити и намалување на профитот, наведува меѓународната рејтинг агенција во извештајот за банкарскиот сектор во Централна и Источна Европа во 2013 година.

Според кредитниот аналитичар на „Стандард и Пурс“ Пјер Готие банките во Чешка, Полска и Словачка се очекува да успеат да задржат добра кредитоспособност, додека Словенија, Унгарија, Бугарија и Хрватска се во послаба позиција. Сепак, во однос на овие четири држави тој изрази очекување дека во повеќето случаи позицијата на банките ќе се стабилизира и ќе престане да се влошува во следната година.

Најранливи се унгарските и словенечките банки, каде се очекува зголемување на лошите кредити.

Како една од причините за слабеење на банкарскиот систем „Стандард и Пурс“ ја посочува нивната поврзаност со западноевропски банки за финансирање на кредити во Централна и Источна Европа во изминатите десет години. Тоа е бизнис модел што треба да се промени во следните две години, бидејќи сметаме дека банкарските системи во Централна и Источна Европа ќе останат ранливи на ситуацијата во еврозоната, се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП