10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСвињарството дополнително ќе се субвенционира

Свињарството дополнително ќе се субвенционира

svinj

Поради зголемениот увоз од Србија и нарушувањето на пазарот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава, преку Програмата за директни плаќања, планира да обезбеди дополнителна поддршка во свињарството.

Како што вели ресорниот министер Михаил Цветков, дополнителните субвенции се предлагаат за да се зачува секторот. ­ Во периодот од октомври до мај, кога ќе има пад на побарувачката на свинско месо, ќе обезбедиме дополнителни субвенции.

Ако грлото е тешко над 120 килограми, одгледувачот ќе добие плус 1.000 денари. Поддршка ќе се дава и за чувањето на месото во ладилници, односно за тоа, државата ќе ги плаќа трошоците, објаснува министерот.

За нарушувањето на пазарот Цветков веќе имал средба со амбасадорката на Србија, а ова прашање планира да го предочи на претстојниот ЦЕФТА состанок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП