3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапи на сила договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина и...

Стапи на сила договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина и покрај отпорот на Русија

eu ukraina35

Договорот за слободна трговија кој треба да придонесе за посилно економско поврзување на Европската унија со Украина и кој во 2013 година ја предизвика спиралата од настани кои доведоа до безредија, соборување на власт и граѓанска војна во Украина и ги заладија односите меѓу Брисел и Москва, стапија на сила во петокот и покрај руското противење.

Договорот ѝ дава на Украина бесцарински пристап на огромниот пазар на ЕУ се очекува дека ќе ѝ помогне на нејзината економија за која некои аналитичари сметаат дека е пред банкрот. ЕУ е најголемиот трговски партнер на Киев на кој отпаѓа повеќе од третина од трговската размена на Украина, според податоците на ЕУ.

„Промената нема да настапи преку ноќ, ќе бидат потребни работа и вложувања“, изјави европската комесарка за трговија, Сесилија Малмстром во четвртокот, додавајќи дека договорот создава „единствена можност Украина да се стабилизира, да ја диверзифицира и развива својата економија“.

Врз основа на договорот ЕУ ќе ѝ помага на Украина во прилагодувањата на стандардите и правилата коишто важат во Унијата во областите на пазарниот натпревар, јавните набавки и интелектуалните права.

Русија се противеше на овој договор поради тоа што смета дека тој ќе ѝ наштети на нејзината економија.

Москва постојано повторува дека поради договорот за слободна трговија меѓу Украина и Европската унија рускиот пазар би можел да биде преплавен со нецаринети европски производи и оти затоа е принудена да преземе мерки за трговска заштита. Покрај тоа, Русија се закани дека против Украина од 1-ви јануари ќе го примени ембаргото коешто пред повеќе од една година го воведе за производите од ЕУ, како одговор на нејзините економски санкции против Москва во врска со украинската криза.

Русија реши ја укинува зоната за слободна трговија со Украина од 1-ви јануари, на денот кога стапува на сила договорот за слободна трговија меѓу Киев и Европската унија, се наведува во указот кој го потпиша претседателот Владимир Путин, а претходно украинскиот премиер Арсениј Јаценјук објави дека Украина ќе ја запре трговијата со Крим за 30 дена истакнувајќи дека снабдувањето на црноморскиот полуостров со електрична енергија ќе биде засебно прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП