29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива без забрани и застои

Сообраќајот се одвива без забрани и застои

soobrakaj-avtopat

Сообраќајот на сите државни патишта низ Македонија во саботата во утринските часови се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на осојничавите места.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, кога станува збор за македонската страна на премините

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Потсетуваат дека од 15-ти ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2016 година.

Според ДЦС МВР, по извршената контрола и увид на поставената патна сигнализација за времена измена на режим на сообраќај состојбата е следна: aвтoпат Велес – Куманово – сообраќајот се одвива по лентата за брзо возење, aвтопат Куманово – Велес – нема изменет режим, aвтопат Скопје – Куманово – сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента сé до приклучокот на автопат Велес -Куманово, aвтопат Тетово – Велес – запрена е сообраќајната лента за принудно запирање на возила, а сообраќајот се одвива по сообраќајни ленти за возење и лента за престигнување.

Градежни работи се изведуваат на реконструкцијата и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

Во тек се работи на пат: реконструкција на вертикална и хоризонтална сигнализација, поставување на сообраќајна опрема – насочници и еластична ограда и тоа на: Регионален пат Р1305, делница Другово – Битола, регионален пат Р1109, делница Гевгелија – Фурка, регионален пат Р1107 Дреново – Градско, регионален пат Росоман – Кавадарци и регионален пат Р2131, делница Драчево – Таор. Работите се предвидени да траат до 31.12.2015 година.

Се препорачува внимателно пристапување кон местата каде се изведуваат работите на пат.

Градежни работи се изведуваат на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до Лозово, и од Лозово преку Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, во периодот од 28-ми март на магистрален пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно

Возачите треба да да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП