15 мај, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИПромотивна понуда на Стопанска банка АД - Скопје за станбен кредит

Промотивна понуда на Стопанска банка АД – Скопје за станбен кредит

stbanka

Најкраткиот пат до вашиот нов дом!

И оваа пролет, Стопанска банка АД – Скопје нуди подобрени услови за станбен кредит на своите клиенти. Имено, со најновата понуда која започнува на 01.04.2013 и ќе трае се до 20.06.2013, Банката овозможува без административни и трошоци за проценка, клиентите полесно да се одлучат да дојдат до домот кој го посакуваат. Редовните административни трошоци изнесуваат просечно 350 евра по клиент, додека трошоците за проценка, изнесуваат 60 евра во просек.

Најдобрата каматната стапка на станбениот кредит на Стопанска банка од 5.85%  годишно е гарантирана за првите три години, која важи за клиентите кои ја примаат својата плата преку Банката. По истекот на периодот со гарантирана каматна стапка, се применува променливата каматна стапка која во моментот изнесува 7.25% годишно, која повторно важи за клиентите кои ги добиваат своите примања преку Стопанска банка. Стапката на вкупните трошоци изнесува 7.23% годишно.

Исто така, Стопанска банка АД – Скопје има потпишано и договори за соработка со повеќе градежни компании, па оттука, станбениот кредит е достапен и за станови во изградба.

Поволната каматна стапка и ниските месечни ануитети како резултат на долгиот период на отплата до 30 години, го прават станбениот кредит исклучително поволен за сите оние кои сакаат да дојдат до нов дом.

Искористете ја оваа промотивната понуда која ќе трае до 20 јуни оваа година и скратете го патот до вашиот нов дом!

За дополнителни информации обратете се во филијалите на Банката, на www.stb.com.mk или на 24/7 Контакт центарот 02/3100-109.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП