17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландија го презема претседавањето со ЕУ

Холандија го презема претседавањето со ЕУ

holandijafu76rfhj

Холандија вчера го презеде претседавањето со Европската унија, во моменти кога Европа е соочена со голем број на предизвици, како и со најголемата бегалска криза по Втората светска војна.

Ротирачкото претседателство со ЕУ Холандија го презеде од Луксембург, а за шест месеци ќе го предаде на Словачка.

Ова е 12-ти пат Хаг да биде на чело на Унијата.

Најавувајќи ги принципите на претседавањето со Советот на ЕУ, шефот на холандската дипломатија Берт Кендерс рече дека Хаг ќе се посвети на суштинските прашања на ЕУ, економскиот раст и зголемената вработеност, а тежиштето ќе биде и на поголемо поврзување на граѓаните и цивилниот сектор со Брисел.

„Холандија го презема претседавањето во моменти кога јавноста повеќе не изразува безрезервна поддршка на одлуките на Унијата. По нападите во Франција и со приливот на бегалците и мигрантите, ЕУ се најде на сериозен тест“, рече Кендерс.

На врвот на агендата во првата половина од 2016 година секако ќе се најде и прашањето за „Брексит”, кое се однесува на редефинирање на односите на Велика Британија со ЕУ, како и прашањето за климатските промени и енергетската ефикансност, сочувување на здравјето на јавните финансии на еврозоната, јакнењето на улогата на ЕУ во светот.

Сепак се очекува дека доминантна тема да биде бегалската криза, пред се договорот за прераспределување на бегалците и борбата против тероризмот.

Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан не е меѓу приоритетите на холандскиот претседавање, но процесот на пристапни преговори продолжува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП