6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо новогодишната ноќ 30 лица на токсикологија, меѓу нив и 14-годишно дете

Во новогодишната ноќ 30 лица на токсикологија, меѓу нив и 14-годишно дете

toksikologija

Во новогодишната ноќ на Клиниката за токсикологија во Скопје било релативно мирно, во алкохолизирана состојба биле примени 30 лица од кои повеќе од 60 проценти биле мажи и 40 проценти жени, малолетни под 18 години биле шест, од кои најмалата има 14 години.

Во најмногу од случаите станува збор за интоксикации со алкохол, додека во три случаи биле со марихуана и со психоактивни супстанци, како што се екстази и други разни таблети. За среќа, сите примени лица се отпуштени од клиниката. Сепак, алармантен е податокот дека од трите лица кои биле примени со марихуана едното било малолетник, а двајцата биле повозрасни.

Од Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ информираа дека во четвртокот биле примени 97 пациенти, од кои во попладневните и вечерните часови 43, од кои шест биле повредени во сообраќајки, шест повредени во тепачки, а другите повреди биле при пад на лизгав терен или дома, и поради болки во стомакот. Во однос на претходните години оваа новогодишна ноќ, кога станува збор за бројот повредени лица, поминала мирно.

Од Здравствен дом Скопје соопштија дека службата за итна медицинска помош и дежурните ноќни пунктови имало релативно малку интервенции, што е резултат, како што се оценува, на почитувањето на препораките кои ги упатиле во пресрет на новогодишна ноќ, како и здравствените едукативни работилници кои како трет циклус ги реализирале во средните училиште во трета и четврта година.

Во текот на новогодишната ноќ имало вкупно 62 интервенции, од кои осум транспорти на алкохолни интоксикации и едно малолетно лице. Во раните утрински часови имало сообраќајна несреќа со повреда на еден од патниците кој е транспортиран во Ургентниот центар. На осумте дежурни пунктови 135 граѓани побарале здравствена заштита, 145 интервенции се реализирани на пунктовите. Од овие 135 лица, три лица биле со алкохолни интоксикации, од кои едно лице било малолетно. На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ во текот на изминатата ноќ се јавиле 80 лица.

На Ургентниот хируршки центар при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, реанимација и интензивно лекување во текот на новогодишната ноќ во биле примени 63 пациенти, од кои 12 биле повредени во сообраќајна незгода, а шест во тепачка. Пет пациенти биле примени на клиниката, тројца биле примени на Клиниката за трауматологија, двајца со повреди на потколеницата и еден со повреда на вториот слабински пршлен.

Едниот пациент е оперативно згрижен, еден повреден е примен на Клиниката за неврохирургија кој е со телесни повреди и еден пациент со посериозни повреди е примен на Клиниката за реанимација и интензивно лекување и е на механичка вентилација. Сите други пациенти се во стабилна општа состојба./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП