6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилион луѓе на Тајмс Сквер ја дочекаа новата година

Милион луѓе на Тајмс Сквер ја дочекаа новата година

mn

Повеќе од милиони луѓе ја дочекаа на њујоршки Тајмс Свкер новата 2016 година со бакнежи, прегратки и повици, но и со големо олеснување бидејќи најголемата американска прослава на Новата година мина без проблеми со досега невидени безбедносни мерки.

Преминот во 2016 година беше означен со традиционалното спуштање осветлената кристална топка од врвот на облакодерот проследено со огномет и дожд од конфети во центарот на Менхетен. Градоначалникот на Њуjорк, Бил де Блазио минута пред полноќ ја покрена топката тешка речиси шест тони со пречник од 3,6 метри.

Со сé уште свежите сеќавања на ноемвриските смртоносни напади во Париз и во Калифорнија, во Њујорк беа преземени вонредни мерки за да се осигури безбедноста на њујорчани и на милионите туристи.

Дочекот кој беше пренесуван во живо на телевизиските програми мина без ниеден инцидент и преовладуваше вистинското празнично расположение и покрај присуството на силните полициски единици, оценуваат американските медиуми. „Ова е центарот на светот на Старата година“, изјавил 60-годишниот Рик Милеј, кој на прославата на Тајмс Сквер допатувал со сопругата од Бостон.

Околу 6.000 униформирани полицајци, но и илјадни во цивилно, патролираа по Менхетен заедно со кучиња трагачи по експлозиви и опремени со детектори за зрачење, а плоштадот го снимаа стотици надзорни камери и неколку хеликоптери.

Првпат на теренот беа испратени и антитерористичките единици. Посетителите на Тајмс Сквер пред влезот на плоштадот мораа да минат низ детектори за метал, а на сите со поголеми торби и ранци влезот не им беше овозможен во оградениот простор од каде можеа да излезат само по завршувањето на прославата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП