2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД планира нови санкции против Иран?

САД планира нови санкции против Иран?

iran raketi 35

Соединетите Американски Држави планираат да преземат нови санкции против поединци и фирми во Иран, Хонг Конг и Обединетите Арапски Емирати. Причината за мерките се осомничените за врски со ракетната програма на Иран. Министерството за финансии на САД и иранската влада засега не даваат коментар на оваа информација.

Казните ќе се насочени и против компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати, за која се тврди дека го поддржува Иран во испораката на материјали за развојот на балистички ракети. Покрај тоа ќе бидат санкционирани и петмина ирански официјални лица, за кои се тврди дека соработуваат во однос на ракетната програма. Во октомври и ноември Иран тестираше две ракети со голем дострел, а според САД така дошло до прекршување на резолуцијата на ОН, со која се забранува на Техеран да развива балистички ракети.

Можните нови санкции би можеле да го загрозат нуклеарниот договор кој Иран и групата од пет земји со право на вето во ОН и Германија го постигнаа во јули по години на преговори. Договорот од Виена предвидува во замена за ограничувањето на нуклеарната програма на Иран САД, ЕУ и ОН да ги отстранат постепено економските санкции. Првите санкции треба да паднат веднаш, откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потврди дека Техеран ги почитувал основните обврски.

Пред неколку дена пак иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави дека ако се примени новиот американски закон, наметнувањето визни ограничувања на Иранци и на луѓето кои го посетиле Иран, ќе е прекршување на потпишаниот нуклеарен договор меѓу Техеран и светските сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП