21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Расте кредитирањето во приватниот сектор

ЕЦБ: Расте кредитирањето во приватниот сектор

ECB

Обемот на кредити одобрени во приватниот сектор на еврозоната порасна во ноември во однос на претходниот месец, покажаа податоците на Европската централна банка (ЕЦБ).

Во ноември, бројот на одобрени кредити во приватниот сектор пораснал за 1,3 проценти во однос на една година претходно и во споредба со растот од 1,0 проценти од октомври, се наведува во соопштението на ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Кога извесни финансиски трансакции ќе се исклучат од овие податоци, останува истиот тренд, со пораст на кредитирањето на домаќинствата и компаниите во ноември од 1,0 проценти во однос на растот од октомври од 0,8 проценти.

ЕЦБ на почетокот на оваа година лансираше серија мерки, со цел поттикнување на кредитирањето, меѓу кои е и програмата за откуп на државни обврзници вредна повеќе од 1.000 милијарди евра, наменета за вбризгување на ликвидност во системот.

Претходно овој месец, директорот на ЕЦБ, Марио Драги, изјави дека оваа програма ќе биде продолжена за шест месеци, во рамките на настојувањето да се зголеми инфлацијта.

Сепак, растот на вкупната количина на пари во оптек (М3) благо забави во ноември на 5,1 проценти од октомвриските 5,3 проценти.

ЕЦБ гледа на М3 како на показател за идната инфлација, наведува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП