19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина забележа помал трговски суфицит

Кина забележа помал трговски суфицит

kinajdh37

Во третиот квартал од годината, Кина забележа помал трговски суфицит, отколку што беше првичната оценка.

Капиталниот и финансискиот баланс исто така, покажуваат вишок, откако претходно Канцеларијата за валути очекуваше дефицит, пренесува „Dow Jones“.

Трговскиот суфицит во трите месеци до крајот на септември изнесува 60,3 милијарди американски долари, појасни кинеската државна валутна администрација. Првата проценка беше за 63,4 милијарди долари.

Во вториот квартал земјата забележа ревидиран суфицит во износ од 73 милијарди долари. Во деветте месеци од јануари до септември ревидираниот трговски суфицит достигна 208,9 милијарди долари. Првата проценка беше за 212 милијарди долари.

Генералното салдо на капиталната и финансиската сметка е негативна во износ од 47,0 милијарди долари, наместо првично пресметаните 121,9 милијарди долари.

Голем дел од забавувањето на кинеската економија во последните пет години се должи на напорите на кинескиот лидер да ја реструктуира економијата кон одржлив раст, основан на домашната побарувачка, наместо на извозот. Неочекувано наглиот пад во последната година сепак предизвика стравувања од загуба на работни места, што може да има опасни политички последици.

Властите во Пекинг признаваат дека стратешката трансформација низ која поминува Кина, најверојатно ќе го забави економскиот раст. Аналитичарите сметаат дека економијата се забавува повеќе, отколку што комунистичкото раководство сака да прифати.

Властите во Пекинг ги зголемија инвестициите во инфраструктурата и ја олеснија монетарната политика, во обид да се справат со послeдиците од забавување на економијата, потсетува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП