6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија ја зголемува минималната плата на 300 долари месечно

Романија ја зголемува минималната плата на 300 долари месечно

General Economy As The International Monetary Fund Delays Romania Review Completion Over Budget

Романската влада се договори со синдикатите и работодавците за зголемување на бруто минималната плата за 19 проценти на 1.250 леи (300 долари) месечно.

Одлуката стапува на сила започнувајќи од мај 2016 година, соопшти владата во Букурешт.

Таа мерка ќе донесе корист за 1,13 милиони работници во Романија, меѓу кои 39,000 се вработени во јавниот сектор, изјави портпаролот на романската влада, Дана Сучиуа.

„Преговорите започнаа на 18 декември, разговаравме со синдикатите и здруженијата на работодавци. Една од важните цели е обновување на социјалниот дијалог“, изјави тој.

Романските парламентарци овој месец го освоија буџетот за 2016 година со кој се предвидува зголемување на платите и намалување на даноците, но и зголемување на инвестиционата потрошувачка, како и задржување на буџетскиот дефицит под границата на Европската унија од 3,0 проценти.

Претходната левичарска влада, која во ноември поднесе оставка, по масовните улични протести поради загинувањето на 63 лица во пожар во ноќен клуб, планираше од 1 јануари 2016 година да ја зголеми минималната плата на 1.200 леи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП