20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Германското општество и економија ќе имаат полза од бегалците

Меркел: Германското општество и економија ќе имаат полза од бегалците

meki 33

Германското општество и економија ќе имаат полза од приливот на стотиците илјади имигранти и бегалци, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, повторувајќи ја својата оптимистичка мантра „ние тоа го можеме“.

Во новогодишното обраќање на нацијата, Меркел вели дека интеграцијата на мигрантите, огромен дел од нив муслимани кои бегаат од војните на Блискиот исток, Германија ќе ја чини „време,сили и пари“, но дека земјата е доволно силна да се носи со тоа.

„Убедена сум дека, доколку на исправен начин уште денес се фатиме за овие задачи кои пред нас ги постави приливот на мигрантите и нивната интеграција, уште утре ќе ни отвори нови можности, се наведува во текстот од говорот на германската канцеларака од кој делови се објавени пред нејзиниот настап.

„Факт е дека живееме во времиња кои бараат напори, но истина е и дека ова можеме да го поднесеме, бидејќи Германија е силна држава“, се додава во новогодишната порака на Меркел.

Неколкупати досега Меркел ги одбиваше притисоците од оние кои се залагаат за затворање на германските граници за имигрантите, порачувајќи им на Германците – „wir schaffen das“ или „ние тоа го можеме“.

Германија оваа година прифати повеќе од милион имигранти, многу повеќе од која и да е друга европска земја. Меркел е една од првите европски челници кои им посакаа добредојде, истакнувајќи дека задачата на Германија е да им даде засолниште на луѓето кои бегаат пред прогоните и судирите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП