6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМногу Грци веќе не можат да си дозволат автомобил

Многу Грци веќе не можат да си дозволат автомобил

koli grci 33

Илјадници Грци ги одјавиле своите автомобили во последните недели, бидејќи не можат да платат данок за МПС, пренесува „DPA“. Во даночните служби во вторникот и средата имало долги редици, агенцијата ја цитира државната грчка телевизија.

Според податоците на медиумот во минатите три недели биле отпишани речиси 70.000 возила. Како што појаснува службеник на даночната служба, Министерството за финансии очекува до четврток да бидат отпишани вкупно најмалку 100.000 автомобили.

Поради сериозните ограничувања на финансиските трошоци, приходите на Грците се намалија од избувнувањето на финансиската криза пред шест години за над 30%. Освен тоа секој четврти Грк е невработен, затоа многумина се обидуваат да штедат.

Сопствениците на мали автомобили на возраст до 20 години треба да плаќаат годишен данок од 120 евра, а кај поголемите автомобили стапката може да достигне до 1320 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП