20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПри нотарски договори ќе бидат вклучени и адвокати

При нотарски договори ќе бидат вклучени и адвокати

адво

Присуство на адвокати при постапката за оставина, составување на нотарски и изготвување на приватни исправи предвидува новиот Закон за нотаријат, кој е во собраниска процедура.

На оваа тема во средата прес конференција одржа Адвокатската комора при што беше појаснето дека целта на новото законско решение е да обезбеди побрз пристап на граѓаните до правдата и ќе го зголеми степенот на правната сигурност во правниот промет.

Присуството на адвокатите во постапките пред нотар, како што се образложува во законските измени, подразбираат и зголемена правна заштита и исполнување на целите на правната сигурност.

„Кога се работи за нотарски акт, за изготвување на нотарски акт, а предметот на нотарскиот акт доколку е над 20.000 евра тогаш е задолжително учество на адвокат. Што е мотивот? Се работи за предмети коишто се од посериозни значење за граѓаните. Значи 20.000 евра е некој минимум за недвижен имот итн. Кога некому еднаш или два пати во животот ќе му дојде ситуација да продава, да купува недвижен имот, логично е тоа и да не е ваква предвидено клаузула, би требало да се направи во консултација со адвокат“, изјави претседателот на Адвокатската комора, Никола Додовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП