1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата во Лондон на најниско ниво за 11 години

Цената на нафтата во Лондон на најниско ниво за 11 години

nafta 222

Цената на нафтата на лондонскиот пазар падна кон најниското ниво за последните 11 години, притисната со сигналите за забавување на растот на глобалната побарувачка за енергенти во околности на рекордно високи резерви на нафта.

Во Лондон со барелот се тргува по цена од 36,99 долари, што е за 80 центи помалку во однос на претходниот ден.

На американската берза цената на нафтата се спушти за 95 центи, или над два отсто, на 36,92 долари.

Цената на нафтата се намали со оглед дека очекуваниот бран на заладување во Европа и САД, според метеоролозите, нема да трае долго.

Цената на нафтата падна за над 65 отсто од средината на 2014 година бидејќи растот на производството на Организацијата на држави извознички на нафта (OPEC), Русија и САД доведе до глобални вишоци од половина до два милиони барели дневно.

Товар на цените во последно време се прогнозите за слабеење на побарувачката, пред се во Азија, но и во Европа. Во средата актерите на пазарот ги затекна неповолната вест од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој предупреди дека глобалниот економски раст во 2016 година ќе биде разочарувачки.

Поддршка на цената на нафтата би можеле да пружат податоците на американската влада за состојбата на резервите кои се очекуваат во текот на денот, доколку покажат неделен пад на резервите на нафта. Американскиот институт за нафта во вторникот извести за изненадувачки пораст на американските резерви.

Одделно OPEC објави дека цената на барел нафта од неговата референтна кошничка во понеделникот изнесуваше 31,71 долар, што значи дека паднала за 46 центи во однос на петок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП