6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се отвора Универзитет за национална безбедност

Ќе се отвора Универзитет за национална безбедност

грујјјјо

Планирано е отворање Универзитет за национална безбедност, најави денес премиерот Никола Груевски.

Во состав на универзитетот ќе влезе Воената академија, но и некои други факултети и институти. Со отворањето на новиот универзитет, нагласи, ќе придонесе за зголемување на безбедноста во земјава.

„Откако пред неколку години ја возобновивме Воената академија и на неа започнаа да работат повеќе студии кои продуцираат квалитетни кадри, сега се размислува да се формира универзитет за национална безбедност кој ќе биде составен од Воената академија, но ќе има и други факултети и институти“, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашања по доделувањето на грантовите од Фондот за иновации.

Eкспертите во Министерството за одбрана и во Воената академија подолг период работат на елаборат за отворање таков универзитет.

„Со дополнителните заклучоци што ги даде Владата ќе им се даде дополнителна насока и правец да го продолжат и засилат своето работење во тој правец и штом ќе бидат готови документите треба да поминат на соодветни тела согласно законот, а потоа да дојдат и пред Владата и Парламентот за да се формира универзитет за национална безбедност“, рече Груевски.

Според премиерот, формирањето на ваков универзитет ќе значи нов квалитет во зацврстувањето на националната безбедност, одбраната и сé што е поврзано со тоа во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП