3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШто собираат новопечените богаташи?

Што собираат новопечените богаташи?

avto12

Се поголем број на богаташи инвестираат повеќе во автомобили отколку во уметнички предмети.

Новопечените богаташи, како што пренесува Ројтерс, повеќе сакаат да вложуваат во луксузни, колекционерски или спортски автомобили, отколку во купување на уметнички дела или инвестирање во акции.

Благодарение на новиот тип на богати луѓе, пазарот на колекционерски автомобили е во подем, а вредноста на ограничените серии на таквите возила постојано расте.

Јагуар ХК120 од 1949 – ограничено издание е продаден за помалку од 1.000 долари, а денес тој вреди помеѓу 50.000 и 300.000 долари, додека ист таков Јагуар кој бил во сопственост на Кларк Гебл бил продаден на неодамнешна аукција за 1,5 милион долари.

Според анализата на Фајненшл Тајмс, вредноста на колекционерските автомобили од 2002 година се зголемила за 395 проценти, уметничките дела за 195, ретките вина за 166, а ретките часовници за 76 проценти.

Денешната вредност на пазарот за колекционерски автомобили се проценува на 55 милијарди долари.

Пазарот за овој вид на ретки автомобили е создаден во Велика Британија и САД, за потоа да се прошири во Германија и Франција, а сега „цвета“ на Блискиот Исток и Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП