3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоплата зима ги разочара европските скијачи и скијачки центри

Топлата зима ги разочара европските скијачи и скијачки центри

skijanje sneg 33

Декември 2015-та година е најлошиот во историјата на европските ски центри. Францускиот град Шамони отвори зоолошка градина со цел да ги забавува децата лишени од можноста да скијат. Во Лакс, Швајцарија, операторите ги кренаа цените на жичарницата, за да се одржат скијачите далеку од ниските области, а во Мерибел, Франција, хеликоптери доставуваат снег, раскажува „Bloomberg“.

Во Европа, каде ски-одморите се вообичаен избор за одмор во зима, топла зима и нанесе штета на локалната економија. Според Даниел Гец од француската метеоролошка служба претстојат уште послаби ски сезони.

„Со климатските промени зимите со многу малку снег ќе се среќаваат почесто. Се потешко ќе биде да се понудат снежни патеки за користење“, вели Гец.

2015-та година е на пат да стане најтоплата на Земјата и втората најтопла во Европа по 2014-та година. На Северните Алпи под 2000 метри надморска височина нема речиси никаков снег по патеките. На југ снегот се топи и на 3000 метри надморска височина.

skijanje sneg 00000

„Во некои области и вештачкиот снег не може да помогне, бидејќи потешкиот ладен воздух останува во низините“, посочува Кристоф Марти, климатолог во Швајцарскиот институт за истражување на снегот и снежните наноси.

„Бараме други активности. Инструкторите по параглајдерство се многу зафатени. Многумина пак уживаат да облечат чевли и да се прошетаат низ планината или до некој ресторан“, вели Лиз Мерцер, косопственик на „BlackROck Ski Lodge“, луксузен спортски центар во близина на Шамони. Таа посочува дека локалните власти вложуваат голем број напори за да го компензираат недостатокот на снег и поради тоа го отвориле паркот со животни, кој во принцип работи само во текот на летото.

skijanje sneg 34

Сепак не се очекува една-две слаби сезони да ги променат којзнае колку навиките на Европејците кои се навикнати да одат на скијање во зима, наведува „Bloomberg“. Во Франција многу семејства одат на скијање барем еднаш годишно, а училиштата гарантираат одмор во февруари. Учениците во германската провинција Баварија одат на ски училиште, исто така, најмалку еднаш годишно, а никој просечен Австриец не би пропуштил ски одмор.

Оваа година, сепак, резултатот може да е многу повреди и скршеници. Универзитетската болница во Инсбрук прифаќа по 100 скијачи и сноубордисти дневно, повредени полошо од вообичаеното, бидејќи скијаат на вештачки снег и тесни патеки по кои има камења и дрва.

„Иако бројот на пациентите е малку помал од минатата година, повредите се посериозни“, посочува Јоханес Швамбергер, портпарол на болницата.

skijanje sneg 111111

Бидејќи луѓето често го планираат својот одмор 4 до 9 месеци порано, многу одморалишта се полни по божиќните празници. Не насекаде, сепак е така.

„Ова е прва година кога не можеме да кажеме дека сме полни околу Нова година“, вели Петра Нокер-Шварценбахер, која ја предводи единицата за туризам и рекреација во Австриската стопанска комора.

„Капацитетот ни е исполнет од 80 до 90%“, вели таа и додава дека поради прогнозите без снег не се прават и нови резервации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП