1 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботењето од дома за многумина е привлечно, но дали е и едноставно?

Работењето од дома за многумина е привлечно, но дали е и едноставно?

0625_workfromhome_630x420

Работата од дома за многумина е привлечна, барем како идеја, но да бидеме реални, не можат сите да работат на овој начин…

Работите во пижами, станувате кога ќе се наспиете, со музика, доручкувате и ручате кога сакате, можете да си дозволите пауза кога ќе посакате. Но, дали е тоа навистина така?

Пред се, не е секој за работа од сопствениот дом. Дали сте доволно самодисциплинирани и одговорни? Постојат уште многу прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали и понатака треба да сонувате за ваквиот вид на работа.

Дали сте мотивирани?

Дали можете да ја завршите работата на време, ако нема кој да ве потсети за роковите? Дали можете да работите кога во вашиот дом постојат толку примамливи и забавни работи или пак луѓето дома добро се забавуваат?

Дали ќе постигнувате се?

Дали можете да работите на повеќе проекти истовремено? Дали можете да ги средите документите дома и да ги одвоите домашните од деловните?

Како се чувствувате кога работите сами?

Дома сте сами. Не постои колегата со кој можете да разговарате и да пиете кафе. Вие сте сами со својата работа. Може да ви се случи да не зборувате со никој дури неколку часови.

Дали добро го организирате своето време?

Во вашиот дом го нема шефот, но тука се домашните задачи кои исто така треба да ги завршите. Дали можете да снајдете во оваа ситуација и да работите паралелно? Дали сте во состојба да ја прекинете работата поради некоја домашна работа и потоа повторно да се вратите на неа?

Да заклучиме, ако не сте доволно добро организирани, ако не сакате да бидете подолго време сами, ако ви е потребен шеф за да ве потсети кога истекува рокот… тогаш работењето од дома не е за вас!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП