28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбрани најубаво украсените објекти во Скопје

Избрани најубаво украсените објекти во Скопје

uk1

Најубаво украсен двор во Скопје има Матеа Трпеска на Водно, најубаво украсена тераса има Филип Нечевски, во Аеродром, Гет кафе е најубаво украсено кафуле, а „Браќа Миладиновци“, најубаво украсено училиште.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, свечено им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2015“.

„Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира познатата манифестација „Новогодишните бои на Скопје“ – манифестација со која ги поттикнуваме нашите сограѓани да ги украсат своите домови и работни простории со новогодишни декорации, да придонесат за разубавување на градот и да го дополнат празничниот амбиент. На наградените во првите три категории Градот Скопје ќе им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2015 година“, истакна градоначалникот Трајановски.

uk2

За да се обезбеди максимална транспарентност изборот за најубаво новогодишно украсени објекти во градот го направи жири-комисија составена од претставници на медиумите.

За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа е избрана куќата на Матеа Трпеска, во населбата Водно.

Комисијата за најубаво украсена тераса, ја прогласи терасата на Филип Нечевски во населбата Аеродром.

Од пријавените угостителски објекти комисијата годинава за најубаво украсен објект го прогласи кафулето „ GET CAFE “ во Кисела Вода.

За најубаво украсен двор на Средно училиште комисијата го избра дворот на СУГС „Браќа Миладиновци“.

uk3

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски упати благодарност до ЕВН Македонија за повеќегодишната поддршка и учество во оваа градска манифестација и да им додели благодарница.

Игор Гиевски, од Бордот на директори на ЕВН, истакна дека неговата компанија веќе пет години учествува и ја поддржува манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје, односно слават еден мал јубилеј, и нагласи дека и во иднина ќе бидат партнери на Градот во организирање на оваа манифестација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП