17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook мора да се соочи со тужбите на акционерите во врска со...

Facebook мора да се соочи со тужбите на акционерите во врска со IPO

ak fb 33

Судија на американски окружен суд потврди две тужби на акционери во кои социјалната мрежа Facebook се обвинува дека ја прикривала загриженоста во врска со проекциите на нивниот раст пред иницијалната понуда на акциите (IPO) во мај 2012 година.

Судијата на окружниот суд на Менхетен, Роберт Свит, утврдил дека малите и институционални вложувачи, кои тврдат дека се во загуба од купувањето на акциите на Facebook според „надуваните“ цени поврзано со IPO-то на оваа компанија во вредност од 16 милијарди долари, може да поднесат групни тужби.

Судската одлука е донесена на 11-ти декември и била под ознака на тајност кој ја симнал судијата Свит и ја објави во вторникот 29-ти декември.

Меѓу тужените е извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, главната деловна директорка Шерил Сандберг и други функционери во компанијата. Од Facebook, пак, се жалат на наведените тужби, со образложение дека не се основани и дека се во судир со преседани.

Акционерите го обвинуваат Facebook за „фабрикување“ на интерните проекции во пресрет на IPO-то за тоа како би растеле во сегментот на мобилни уреди, во кој обично остваруваат мали приходи од огласувања, можел да им наштети на нивните изгледи, иако тивко го предупредиле организаторите наи издавањето да ги намалат своите процени.

На првото излегување на пазарот на 18-ти мај 2012 година, акциите на Facebook беа понудени по цена од 38 долари. На почетокот од септември истата година цената им потона до 17,55 долари и се задржа под цената на понудените на IPO-то повеќе од една година.

Со текот на времето цените на неговите акции закрепна и во вторникот на затворањето на пазарот Nasdaq беа во плус од 1,33 долари, достигнувајќи 107,26 долари, со што пазарната капитализација на Facebook достигна околу 303 милијарди долари, покажуваат податоците на Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП