17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит скокна за повеќе од 1 отсто

Волстрит скокна за повеќе од 1 отсто

volstrit-berzi

На Волстрит во вторникот цените на акциите скокнаа за повеќе од 1 отсто, најмногу во технолошкиот сектор, па индексот S&P 500 повторно е во плус во однос на почетокот години.

Индексот Dow Jones зајакна за 1,10 отсто, на 17.720 поени, додека индексот S&P 500 скокна за 1,06 проценти, на 2.078 поени, а Nasdaq индексот 1,33 отсто, на 5.107 поени.

Во вредноста во вторникот добија сите десет сектори од S&P 500 индексот, а најмногу за 1,3 отсто скокнаа цените на акциите во технолошкиот сектор, благодарејќи на силниот раст на цените на Amazon и Apple. Благодарејќи на зајакнатата празнична потрошувачка, цената на акцијата на онлајн трговецот Amazon скокна за 2,8 отсто, додека акцијата на Apple поскапе за 1,8 процент.

Со тоа Apple надомести дел од загубите, имајќи предвид дека во претходните месеци цените на акциите на овој технолошки гигант потона за повеќе од 7 отсто, бидејќи вложувачите стравуваат дека во 2016 година првпат ќе падне продажбата на iPhone-и.

Силно, за 1,2 отсто во вторникот скокна и S&P индексот на здравствениот сектор, при што предводеше акцијата на „Pfizer“ со раст од цената за 1,26 отсто.

На вредноста, за 0,7 отсто, во вторникот доби и енергетскиот сектор, благодарејќи на закрепнувањето на цената на нафтата, бидејќи инвеститорите се надеваат на зголемување на побарувачката, имајќи го предвид заладувањето на времето во Европа и во Северна Америка.

И покрај вчерашниот раст, цените на нафтата на лондонскиот пазар во претпладневното тргување во средата се движат во близина на најниските нивоа во последните 11 години поради рекордните производство, додека од друга страна слабее побарувачката поради забавувањето на растот на глобалната економија, во прв ред кинеската која е најголемиот светски потрошувач на сировини.

Заедно со вчерашниот рас, индексот S&P 500 сега е во плус на почетокот од годината за речиси 1 отсто. Индексот Nasdaq е во добивка, пак, од 8 проценти, додека Dow Jones е во минус во однос на почетокот на годината за 0,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП