15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛегендарната скопска “Галија” го враќа стариот сјај!

Легендарната скопска “Галија” го враќа стариот сјај!

bbb

Во Македонија има многу ресторани, но ретко за кој може да се каже дека има толку богата историја и традиција како ресторанот “Галија”. Место каде се собираше Авангардата на Скопје. На стара локација на ул. Водњанска но во ново руво “Галија”повторно блесна и е посакувано место за посетителите со софистициран вкус. А Скопјани отсекогаш важеле за луѓе со вкус, луѓе кои сакаат да се дружат, да запеат и да уживаат во убава храна.

Во “Галија” дефинитивно се врати боемскиот дух, магијата на старо Скопје, добрата убава градска музика, и повторно е место за урбани, модерни луѓе со стил. Место каде се склучуваат бизнис договори, се започнуваат љубовни приказни и се создаваат бројни пријателства. Место за родендени, за семејни прослави за забава и за уживање!

aaa

Пици и салати како на ниедно друго место во градот, специјалитети од свежо месо, најдобриот бифтек, риба и се друго што посетителите можат да посакаат, гостопримство и љубезност, весела атмосфера се нештата кои ја создаваат денешната слика за “Галија” што е и причина зошто во последно време се повеќе ова место е изборот за голем број на скопјани, дипломати, познати градски фаци кои го посетуваат и воодушевени си одат. Ресторанот работи секој ден, цените се пристапни, а добрите домаќини можат да подготват јадење и по желба.

aac

Без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера во Галија секое дружење се претвора во позитивно искуство…животот е краток за да не уживаме секој момент во него!

aab

1936628_1137256416286258_227964192090990738_n

11202556_539883662832079_6253476980218490820_n

aad5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП