29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска го отфрли „британскиот модел“ на ниски плати

Шведска го отфрли „британскиот модел“ на ниски плати

sweden1

Шведските власти соопштиja дека во наредниот период нема да го прифатат „британскиот модел“ на ниски плати.

Министерката за финансии Магдалена Андерсон изјави денес дека Шведска го отфрла повикот во таа земја да се воведе „британскиот модел“ на ниски плати.

Андерсон додаде дека е многу скептична дека шведската влада наскоро би можела да ги намали платите во земјата.

„Парламентот и Владата не се тие кои решаваат за одредувањето на висината на платата. Та е нешто за што одлучува пазарот на труд“, изјави таа.

Андерсон додаде дека изразува сомнеж за повиците да се промени даночниот систем, со цел да им се овозможи на компаниите да даваат плати кои се пониски од она колку што на луѓето им е потребно за достоинствен живот.

Инаку, британскиот модел е базиран на големи даночни олеснувања комбинирани со ниски плати. Од друга страна, платите во Шведска се многу високи со значително високи даноци.

Одделни политичари во Шваедска во претходните денови ја повикаа Владата да го воведе „британскиот модел“ на ниски плати со цел да ја зајакне економијата на оваа скандинавска земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП