17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПретстава за деца во театарот во Прилеп

Претстава за деца во театарот во Прилеп

pretstava-prilep

За новогодишните и божиќните празници театарот ,,Војдан Чернодрински,, ќе ги израдува најмладите.

Денес од 17 часот ќе ја прикаже претставата за деца „Волшебникот од Оз“.

Најмладите ќе можат да уживаат во интересната бајковидна бајка во која се говори за другарството. Претставата е мултимедијална, работена во современ стил, со многу музика, кореографија и актерска игра.

Во претставата играат Марија С.Илијеска, Александар Тодески, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Димитар Вандески, Илија Волчески, Михајло Миленкоски…
Музиката е на Душко Темелкоски, костимите на Раде Василев, а комплетниот дијзан е на браќата Владимир и Игор Ѓорѓијоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП