
Глобалниот економски раст следната година ќе биде разочарувачки, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, Кристин Лагард.


Глобалниот економски раст следната година ќе биде разочарувачки, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, Кристин Лагард.
„Во многу земји финансискиот сектор е и понатаму слаб, а на пазарите во развој растат финансиските ризици. Сето тоа значи дека глобалниот раст ќе биде разочарувачки и нееднаков“, изјави Лагард во статија за германскиот весник „Ханделсблат“.
Таа додаде дека ниската продуктивност, стареењето на популацијата и ефектите од глобалната финансиска криза го кочат економскиот напредок.
Лагард додаде дека тие фактори ги ослабеле среднорочните прогнози за глобалниот економски раст.