19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЖените се подобри во донесување на деловни одлуки

Жените се подобри во донесување на деловни одлуки

womanbiznis1

Жените се многу подобри во донесувањето на деловни одлуки од мажите, до вакво сознание дојде тимот од канадски научници.

Во истражувањето учествувале околу 600 лица кои работат на некоја менаџерска позиција, мажи и жени, со цел да се утврди кој има поголема моќ во донесувањето одлуки.

Според резултатите од истражувањето, жените се многу подобри кога станува збор за деловни одлуки. Повеќето, речиси 75 проценти од мажите при донесувањето на одлуките се раководат според правилата, додека жените не им обрнуваат толку внимание на овие правила. Се покажало дека жените сакаат повеќе да соработуваат со колегите, за разлика од мажите.

Крис Барт, еден од истражувачите, заклучил дека секоја компанија која поставила жена на некоја менаџерска позиција, го направила вистинското нешто.

Жените го следат инстиктот, некое шесто сетило им говори што точно да направат, и верувајте тие повеќе успеваат во тоа од мажите, вели Барт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП