19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина им забранува на странските банки операции со јуани во странство

Кина им забранува на странските банки операции со јуани во странство

juan 3399

Кина забрани на барем две странски банки да вршат бизнис во јуани во странство, барем до крајот на март. Тоа го тврдат лица запознаени со тоа што се случува, цитирани од „Bloomberg“.

Тримесечната забрана вчера била наметната од Централната банка на Кина, тврдат лицата кои побарале анонимност.

Дисциплината доаѓа во позадина на зголемената разлика помеѓу девизниот курс на јуанот, тргуван во Кина, и на јуанот, тргуван во странство. Разликата дава можност за арбитража – да се купува во Хонг Конг и да се продава во Шангај.

Од Централната банка на Кина не можеле да одговорат на прашањата упатени од „Ројтерс“ и „Bloomberg“.

Кинеската валута е за 1,6% поевтина на слободниот пазар во Хонг Конг во споредба со онаа во Шангај. Тоа е најголемата разлика во последниве три месеци, која се прошири до над 2% по изненадната девалвација на јуанот на 11-ти август.

Оваа година девизните резерви на Кина паднаа над 400 милијарди долари, откако централната банка купуваше јуани, со цел да ја заштити валутата.

Девизниот курс на јуанот во странство поевтини за 4,4%, што е на пат да ја запише најголемата годишна загуба по повеќе од две децении.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП