27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот без застои, магла на Стража

Сообраќајот без застои, магла на Стража

avtopat-obikolnica-soobrakajot

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози, соопштија од АМСМ.

Магла со видливост 50 – 100 м има на патен правец Дебар – Маврово, на планинскиот превој Стража и Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Следува период на променливо облачно и студено време. Денес ќе дува умерен, до засилен северен ветер, а во југоисточните делови попладне ќе има слаб локален дожд и снег. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и најниски ќе бидат за време на новогодишната ноќ. Во сабота во западните делови ќе има услови за повремен снег, а во недела врнежи се очекуваат на повеќе места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП