17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСолиден промет на Македонската берза...

Солиден промет на Македонската берза…

makedonska-berza-berzi-zvonce

Вкупен промет од 14,4 милиони денари остварен преку 52 трансакции и раст на индексите МБИ10 (+0,67 отсто) и ОМБ (+0,01 отсто) го одбележа претпоследниот трговски ден во 2015 година.

На листата на милионери во вторникот се запишаа акциите на Комерцијална банка (КМБ) со истргувани 656 акции по просечна цена од 2.229,41 денари и Негорски бањи (НЕГО) со истргувани 1.200 акции по цена од 7.372 денари.

Добитници на денот беа акциите на Топлификација (+6,62 отсто), Телеком (+3,70 проценти) и приоритетните акции на Стопанска банка Скопје (+2,90 отсто).

Најголем пад забележаа акциите на Окта (-6,67), Фершпед (-5,42) и акцијата на Стопанска банка Битола (-3,71 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП