21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВредноста на германскиот извоз достигна 1.200 млрд. евра

Вредноста на германскиот извоз достигна 1.200 млрд. евра

trgovija-uvoz-izov

Германија во 2015 година би требало да оствари извоз близу 1.200 милијарди евра, што е нов рекорд, оцени во понеделникот претседателот на федерацијата на надворешна трговија BGA.

Рекордот е остварен во услови на потешкотии на повеќе пазари особено во Кина.

„Германските компании очекуваат нови рекорди како во извозот така и во увозот“, изјави Антон Бернер.

Германската федерација прогнозира раст на извозот од 6 отсто на 1.197 милијарди евра и на увозот од 4 отсто, на 947 милијарди евра што на првата економија на Европа и гарантира солиден трговски суфицит.

На германската надворешна трговија сепак и се закануваат бројни опасности, особено забавување на растот во бројни држави во развој. Германската индустрија е посебно зависна од состојбата во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП