29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија е подготвена да преговара за „Турски тек“

Русија е подготвена да преговара за „Турски тек“

turski tek 30505

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, соопштил рускиот министер за енергетика Александар Новак.

„Во преговорите за проектот „Турски тек“ од летото ова година не е постигнат напредок. Меѓутоа, доколку се уште има интерес за тоа, руската страна е подготвена за продолжување на преговорите“, рекол Новак, најавувајќи дека Русија би можела да го зголеми извозот на гас за Турција.

„За ова Русија има доволно гас, како и неопходната инфраструктура. Затоа сме подготвени да го зголемиме испорачувањето на загарантираните количини гас за Турција“, рекол Новак.

Застојот во преговорите за проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“ настана поради тоа што руската компанија Гаспром не го испочитува претходниот договор за продажба на гас на Турција со повластен попуст од 10,23 отсто. Претставниците на двете земји, пак, по неодамнешното соборување на рускиот авион кој го наруши турскиот воздушен простор, соопштија дека преговорите за проектот се прекинати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП