6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Технопласт“ ќе инвестира во ТИРЗ и ќе вработи 200 лица

„Технопласт“ ќе инвестира во ТИРЗ и ќе вработи 200 лица

tehnoplast 3530

Македонската компанија за производство на алати пластични компоненти за автомобилската и електричната и електро- индустријата „Технопласт“ објави дека ќе инвестира во ТИРЗ Скопје, 10 милиони евра и ќе вработи 200 лица.

Инвестицијата ќе се одвива во две фази – првата ќе биде во вредност од шест милиони евра и ќе се вработат 100 лица. Втората фаза од инвестицијата ќе изнесува четири милиони евра и исто така ќе бидат вработени 100 македонски граѓани.

„Целокупното производство на оваа компанија ќе биде наменето за извоз. Целта на оваа инвестиција е наметната од потребата за реализација на веќе постоечките проекти кои ги имаме за реномираните компании од автомобилската индустрија како што е БМВ, Ауди, Рено, кои се веќе во фаза на реализација и кои се со поддршка од страна на нашите добавувачи, кои исто така се реномирани компании-добавувачи во автомобилската индустрија. Наша цел е да ја продлабочиме соработката и со странските инвеститори лоцирани во индустриските зони“, истакна сопственикот на компанијата Технопласт Ѓорче Тодоровски, по средбата со премиерот Никола Груевски.

„Оваа компанија е една од основните компании каде што голем број странски инвеститори при посетата на Македонија се среќаваат со нив за да видат каков вид на производство и нивни знаења можат да искористат при евентуален влез во Македонија. И со „Костал“ и со „Делфај“ тие беа многу активно вклучени за донесување на конечна одлука за нивна инвестиција во Македонија, а и неколку компании кои се веќе функционални во зоните се нивни клиенти или потенцијални партнери“, рече директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.

Објектот ќе се протега на површина од 3.000 метри квадратни, а компанијата закупила 12.000 метри квадратни. Објектот треба да биде изграден до март 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП